„Можеби ќе му текне и на СДСМ во последен момент да ме поддржи“ – Максим Димитриевски нема да коалицира со никого – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/21 7:34 AM

„Можеби ќе му текне и на СДСМ во последен момент да ме поддржи“ – Максим Димитриевски нема да коалицира со никого

„Нема коалиција на Максим со ниту еден политички субјект, ако правев каква било коалиција, нормално беше да направам предизборна коалиција затоа што најголемиот ризик и најголемиот притисок доаѓаше во првиот круг. Дали ќе поддржи некоја политичка партија граѓански субјект е нивна одлука и јас во тоа не сакам на навлегувам. Јас не можам во избори да се дистанцирам од никого, можеби ќе му текне и на СДСМ во последен момент да ме поддржи како реален и искрен социјалдемократ. Тоа е мојата идеолошка матрица“, рече вечерва независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во дебатната емисија на телевизија 24.

Тој потенцираше дека Кманово отсекогаш бил левичарски град. Слоганот црвено Куманово е многу посилен од сите политички слогани. Лошо е што некои идеолошки матрици на акционерски друштва се транформирани, тргнаа во друга насока и да не ги штитат работничките интереси и интересите на социјалните структури во градот.

„Затоа поддршката се потврди на овој концепт, над 10 илјади гласа поддршка за советничка листа на луѓе коишто првпат се во политика и во јавниот политички живот и над 15 илјади гласа тие што ги добив јас како кандидат се респектабилна бројка за почитување. Дали некој ќе одлучи да не поддржи како концепт е лична одлука. Впрочен следам, денеска ги слушнав ЛДП и ДОМ дека не даваат поддршка на никого, се оградија.

Очекувам став од Алијанса, ДУИ веќе има предизборна коалиција и испорача дел од гласовите. Беса треба да се произнесе. Ние со нашата програма одиме со поддршка пред граѓаните на Куманово коишто повеќе од јасно е дека го препознаа овој концепт и го поддржаа многу масовно во првиот круг. Благодарен сум и на тие граѓани што не поддржаа, но ќе направам се да ги убедам останатите граѓани да не поддржат до крај, бидејќи овој концепт нуди континуитет“, изјави Димитриевски.