Тетовската полиција вчера откри шеесетина прекршоци меѓу кои најброни се : управување без возачка дозвола истечена регистрација и погрешно паркирање.
Вакви и слични активности, планирани се и во наредниот период, а посебен таргет ќе биде неприлагодената брзина, која и натаму е причина број еден за најголемиот број од годинашните сообраќајни несреќи во Полошкиот регион. Со ваквата констатација се согласуваат и сообраќајните експерти.Велат дека сообраќајната некултура е голема причина за зачестените сообраќајки. Вината за ваквата појава ја гледаат и во необележаната сообраќајна сигнализација.
Тетовци велат дека една од најризичните сообраќајници во градот е раскрсницата меѓу булеварот Благоја Тоска и улицата Борис Кидрич. Велат дека забележуваат оти учесниците нема никаква култура и затоа се случуваат сообраќајки. Полицијата според нив треба да биде поприсутна на сообраќајниците.
Констатираните прекршоци открени вчера од тетовската полиција заокружени се со 28 прекршочни, 24 мандатни платни налози.