Штип го избра кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ , Иван Јорданов за градоначалник, но го изгуби како пратеник.
Тоа значи дека од четворица претставници во Републичкиот Парламент, сега останува со тројца по еден од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица.
Последниве години како да стана пракса, пратениците да стануваат градоначалници, но имаме и ситуација кога градоначалникот ни стана Министер.
Прв тоа го направи сегашниот Министер за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој беше избран за пратеник, но на локалните избори во 2017, се кандидира за градоначалник од редовите на СДСМ, за да по вонредните избори во 2020 година, беше предложен за Министер.
Во моментов Штип во парламентот го претставуваат Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, на кого ова му е трет мандат, Емилија Рамбабова од СДСМ, која што стана пратеничка како следна на листата, откако Сашко Николов стана градоначалник.
Штип има претставник и од Левица- историчарот на уметност, Борислав Крмов, кој на Локалните избори 2017 година беше носител на советничката листа во Штип.
Со заминувањето на Иванов од Парламентот, во третата изборна единица следен на листа е полковник Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде новиот пратеник.
Инаку дури откако Собранието ќе му ја констатира оставката, Иван Јорданов ќе може да ја преземе градоначалничката функција.
Претседателот на ОИК, Виктор Вацев, изјави дека доколку нема приговори, Јорданов ќе може да седне во градоначалничката фотеља веќе следната недела, но откако комисијата ќе му го предаде решението за нов прв човек на градот.
В.Кр