Загадениот воздух доведува до смртност на седум милини луѓе во светот секоја година. Девет од десет луѓе живеат во ризик да заболат од различни болести, доживуваат мозочен удар, респораторни инфекции и рак на бели дробови поради вдишување на неквалитетен воздухот.
Ни претстојат зимските месеци, а со тоа и деновите со големи загадувања на воздухот. Затоа е важно да ги заштитиме дишните органи.
Во време на голема загаденост која секога година ја погодува нашата земја, покрај тоа што ќе го избегнувате излегувањето надвор, времето дома поминете го со природни лекови за полесно дишење.
Без разлика дали имате настинка или не, ѓумбирот е секогаш одлично средство за здрави бели дробови. Чај од корен од ѓумбир ја забрзува елиминацијата на токсините од нив, а покрај чај, може да направите и топла купка со прав од ѓумбир што ќе го поттикне отворањето на порите и потењето, што е добро за дишните патишта.
Еукалиптусот, исто така, е познато средство за јакнење на имунолошкиот систем, го потпомага дишењето, го спречува кашлањето и настинката. Листот од еукалиптус може да го додадете во чаша чај или да направите купка со етерично масло.
Инхалации два пати неделно
Маслото од оригано исто има силно антибактериско дејство. Во народната медицина долго се применува како антибиотик, средство за искашлување и ширење на бронхиите, при воспаление на синуси, болка во грлото, настинки.
И маслото од пеперминт исто така има антибактериско и антивирусно дејство, ги чисти дишните патишта и го олеснува дишењето. Два пати неделно можете да правите инхалации со етерично масло од пеперминт, мајчина душица или рузмарин.
Во борба против болести на белите дробови многу е добар и темјанот. Оваа билка содржи силни антисептични есенцијални масла кои се природни антибиотици и помагаат при воспаление на бронхиите и делуваат против секрет во дишните патишта.
Вежби за полесно дишење
Седнете на столица со исправен грб и спуштени раменици. Рамномерно вдишете и издишете и истовремено со дланките полека тапкајте се по градниот кош. Притоа изговарајте самогласници, А, Е, И, О, У. Спуштете ги рацете, продолжете да вдишувате и издишуватее рамномерно низ нос и потоа повторете ја вежбата.
Наполнете ја куќата со собни цвеќиња
Многу билки помагаат за отстранување на токсините од воздухот и важат за „ветувачки“ опции за прочистување на внатрешното загадување.
Ивор: srbijadanas.com