Денеска почнува скринингот во 9 средни училишта во Скопје, ќе се тестираат 258 средношколци – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/21 9:35 AM

Денеска почнува скринингот во 9 средни училишта во Скопје, ќе се тестираат 258 средношколци

Од денеска започнува скринингот на ученици за ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство.
Тестирањето на учениците, како информира Министерството за здравство, ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.
Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на ковид-19 меѓу учениците.
„Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата“, информираат од Министерството за здравство.
Учениците се бираат по случаен избор преку електронскиот дневник, по што се бара согласност од нивните родители.