ПЦЕР и Сојузот на Ромите со поддршка на коалицијата на СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/21 8:51 AM

ПЦЕР и Сојузот на Ромите со поддршка на коалицијата на СДСМ

Даваме силна и јасна поддршка на владината коалиција предводена од СДСМ. Kако нејзин сериозен партнер, ќе продолжи и понатаму да соработува и придонесува за подобрување на животот и стандардот на сите граѓани во Македонија, информира во денешното соопштение Сојузот на ромите

„Како дел од владиното мнозинство, нашата заедничка цел е напредокот на нашата земја во сите сфери, а особено во делот на економијата, вработувањето и влезот на Македонија во Европската Унија,“ се додава во соопштението.

Покрај соработката на национално ниво, со СДСМ интензивно соработуваме и на локално ниво. На 31 октомври, на вториот круг од гласањето за локалните избори, СРМ како партија со своето членство, ја дава целосната поддршка за заедничката коалиција НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА.

И Партијата за целосна еманципација на Ромите-ПЦЕР со поддршка на владината коалиција.

„ Владината коалиција е стабилна, владиното мнозинство е стабилно и работиме исклучиво во интерес на граѓаните,“ се вели во соопштението.

„Продолжуваме за подобро заедно со нашиот коалиционен партнер СДСМ“, велат од ПЦЕР