Министерството за одбрана денеска со писмено соопштение реагираше на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде тврдат дека веќе со недели, илјадници војници одат на работа со сопствен превоз и на сопствен трошок.
Се гледа хаосот во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија бескрајно повторува веќе одговорени прашања и пласира лажни вести, само за да прикрие дека нема став за најважните државни стратешки прашања и да ги сокрие внатрепартиските пресметки и чистки, сметаат од ресорното министерство.
Партијата треба да се изјасни дали застанува покрај своите граѓани на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО каде што поведе владата, или е против овој стратешки интерес на земјата и ќе ги турка граѓаните назад – додава МО во денешното соопштение.