Новогодишната забава полека се подготвува, а пејачите на српската естрада веќе ги договориле настапите за вртоглави цифри.
Највисок хонорар договорил Аца Лукас, кој ќе биде побогат за дури 60.000 евра на 1 јануари 2022 година!
Колегата на Лукас, Саша Матиќ ќе заработи 50.000 евра во „најлудата ноќ“.
Во однос на заработката, го следи Ацо Пејовиќ (45.000 евра), додека Џани е задоволен со хонорар од 40.000 евра.
Најплатената пејачка е Александра Пријовиќ, која повторно ќе ги забавува гостите во хотел за 35.000 евра. Нејзините колеги Сека Алексиќ и Дара Бубамара се договориле за новогодишните тезги за 25.000 евра.
На Дара друштво ќе и прават Слоба Радановиќ (25.000 евра) и Александра Младеновиќ (15.000 евра).
Рада Манојловиќ со публиката ќе ја дочека Новата 2022 година, а од старата година ќе излезе побогата за 20.000 евра.
Маја Беровиќ минатата година закажала новогодишен настап во Белград, меѓутоа, таа го откажа штом дозна дека е бремена.
Познатиот поп менаџер Горан Лечиќ вели дека пандемијата на коронавирус не влијаела на цените на новогодишните настапи.
– Пејачите имаат исти новогодишни хонорари како и пред короната. Ако бројот на посетители е ограничен поради епидемиолошката состојба, ќе ги намалиме цените на настапите, ќе се прилагодиме на ситуацијата. Белград е епицентарот на настаните и многу луѓе ќе дојдат од странство да поминуваат време тука – вели Лека.
Извор: Новости.рс