Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини против ковид-19, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство. Заклучно со 18 октомври, вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани.
Како што соопштуваат од МЗ, 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 осто од граѓаните со возраст од над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 осто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 осто примила две дози вакцина.
Објавено на: 10/19/21 11:37 AM