При биле украдени од црквата „Св.Пророк Илија„ во село Митрашинци. Кражбата била пријавена во текот на вчерашниот ден и според пријавувачот, таа се случила во периодот од 13 до 17 октомври. Полицијата извршила увид и се работи на откривање на сторителот или сторителите.
„На 17.10.2021 во 07.00 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека во периодот од 13.10.2021 до пријавувањето, непознат сторител влегол во црквата „Св. Пророк Илија“ во с. Митрашинци, беровско, при што биле одземени пари. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово. Се работи на расчистување на случајот,“ информираат од СВР Штип.