Добредојде за новото време – ребрендирање на Комерцијална Банка – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/21 10:03 AM

Добредојде за новото време – ребрендирање на Комерцијална Банка

„Комерцијален текст“

Промените се дел од секојдневното живеење. Понекогаш доаѓаат под дејство на природните закони, а понекогаш заради нови идеи и цели.

Убава промена деновиве доживува и водечката банка во нашата земја – Комерцијална банка АД Скопје, која се појави во јавноста со нов визуелен идентитет и тоа на неколку нивоа: редизајнирано лого, нов слоган, нов корпоративен спот, како и модернизирани и нови филијали.

„Новото време бара нови начини на однесување во работата и на соочување со проблемите на денешницата. Токму затоа ја доведовме  комуникацијата со нашите клиенти на едно ново и поблиско ниво“, ни посочија од Банката.

Модернизацијата на експозитурите е видлива веќе извесно време, а изменетото и освежено лого ќе биде новиот визуелен знак на Комерцијална. Корпоративниот спот, пак, во кој не заборавиле да направат омаж на бардот на македонската музика Зафир Хаџиманов, е емотивен приказ на моменти од животни ситуации на наши луѓе во кои го потврдуваат нивниот нов слоган ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО. А секој од нас тоа одлично го знае, нели?