Консумирањето повеќе течности за време на настинка или грип е клучно за хидратација на телото, но прашањето е колку е ефикасна лимонадата како пијалок. Одговорот не е толку едноставен. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачува консумирање течности за време на настинки и грип за да се спречи дехидрација.
Недостатоци на конзумирање лимонада
Според Микела Сидоренкова, диететичар, консумирањето засладени пијалоци, како што е лимонадата, може да изгледа како добар начин да останете хидрирани, но тоа не е толку едноставно.
„Во споредба со целото овошје, засладениот и преработен сок не дава никакви вистински нутритивни придобивки и може да биде лесен начин за глупаво консумирање на големи количини на непотребен дополнителен шеќер“, вели таа.
Кога сме болни и губиме телесни течности, потење, повраќање или дијареа, губиме и електролити, поради што е важно да внесуваме поголеми количини на течности.
„Сеуште можете да пиете лимонада“, вели Сидоренков, „но дури и лимонадата направена од свежо исцедени лимони не обезбедува значителна количина електролити што ви се потребни“.
Постојат спротивставени докази за тоа дали витаминот Ц навистина може да го зајакне имунолошкиот систем и да го одбрани од штетните вируси и бактерии.
Меѓутоа, мета-анализата на девет клинички испитувања, објавена во BioMed Research International, покажа дека повисоката доза на витамин Ц, консумирана на почетокот на настинката, го намалува времетраењето на болеста и ги намалува симптомите. Како и да е, придобивките од витаминот Ц доаѓа од секојдневно и долготрајно земање, не само кога веќе сте болни.
Само затоа што нема докази што сугерираат дека лимонадата може да го излечи грипот, не значи дека треба да ја избегнувате. Се разбира, како и за се умереноста е пресудна. Американското здружение за срце препорачува жените да не консумираат повеќе од 25 грама екстра шеќер дневно, додека го ограничуваат внесот на 36 грама за мажи, пренесува Index.hr. Ако сакате да избегнете вишок шеќер, Сидоренкова препорачува да направите лимонада со свеж лимон сами, наместо да ја купите готова и да не додавате шеќер во неа.
Извор: nova.rs/