Николовски: Еден од организаторите на протестите на сливопроизводителите е кандидат за претседател на комитет на ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 12:14 PM

Николовски: Еден од организаторите на протестите на сливопроизводителите е кандидат за претседател на комитет на ВМРО-ДПМНЕ

21.08.2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одговарајки на новинарско прашање во врска со протестите на произодителите на сина слива во Радовишко и во Делчевско, повика сливопроизводителите да не наседнуваат на никакви партиски и политички манипулации.

– Знам дека еден од организаторите е кадидат за претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ и насоките на тие 10-15 луѓе што протестираа во Радовиш се од таа страна – рече Николовски.

Тој истакна дека биле преземени чекори за решавање на проблемот.

– Ставот на Владата и на Министерството е јасен – пет денари дополнителна субвениција за килограм откупена слива што како мерка ја усвои Владата, од кои три денари за производителите, а два за откупувачите – рее Николовски.