Изборниот молк ќе продолжи се додека не се затворат сите гласачки места, најавија од ДИК – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/21 4:36 PM

Изборниот молк ќе продолжи се додека не се затворат сите гласачки места, најавија од ДИК

Изборниот молк наместо до 19 часот, денеска ќе продолжи се додека не се затвори и последното избирачко место.

Претседателот на ДИК, Даштевски, вели дека ова е поради прекините кои во одредени избирачки места се случија поради техничките проблеми со биометриските уреди за отпечаток од прст, па овде гласањето мора да продолжи и после 19 часот.

За потсетување, денеска на многу места се створија гужви, а на последната прес-конференција Даштевски потенцира дека овој проблем тешко се надминува.

– Тоа е така од повеќе причини. Избирачкиот список има повеќе страни бидејќи има рекорден број листи и поради тоа проверката трае повеќе време. Од друга страна преку една третина од отпечатоците кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето оди поспоро или не ни може да се утврди па ги оставаме настрана. Исто така и поради ковид-мерките, рече Даштевски.

Сите оние кои поради гужвите се затекнале во избирачките места или пред нив, во дворовите, по 19 часот, ќе имаат можност да го остварат своето право на глас.