ММС, 21.08.2018
Неопходно е да се зголеми искористеноста на средствата што ни’ стојат на располагање, а добар исчекор направивме за првиот повик за ИПАРД објавен минатата година, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој со директорот на Платежната ИПАРД агенција, Никола Бабовски, ги посети овошните насади на фирмата „Евролозар“ кај штипското село Лакавица.
-До денес се склучен договори за повеќе од 12 милиони евра, кои веќе се ставаат во функција на македонското земјоделство. Склучени се 688 различни договори во двете мерки – за материјална поддршка на земјоделските стопанства и за инвестиции во преработувачката индустрија – рече Николовски.
Николовски нагласи дека со Платежната агенција прават напори што побрзо да се склучат договорите, па со апликантите на 107 договори веќе била во постапка и нивната исплата. Тој додаде и оти ќе следуваат нови огласи за ИПАРД, за средства од 60 до 80 милиони евра за развој на македонското земјоделство.