Излезноста до 13 часот е повеќе од 20 отсто, на шест места се гласа со УВ ламба и спреј наместо со уредите за отпечаток од прст – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/21 1:13 PM

Излезноста до 13 часот е повеќе од 20 отсто, на шест места се гласа со УВ ламба и спреј наместо со уредите за отпечаток од прст

Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 отсто. Претседателот на Државната изборна комисија информираше дека податоците се од 2519 избирачки места, а на гласање излегле 237 476 гласачи.

Поради проблеми со биометриските уреди за отпечаток од прст, со спреј и УВ ламба со решение од ДИК се гласа во шест избирачки места.

Прекини на гласањето повеќе од еден час поради ова, имало на 11 места.

Даштевски вели дека гласањето тече добро. До 12:30 до ДИК имало пристигнато 48 приговори за заштита на избрирачки права, од кои 26 се прифатени, четири одбиени, а 18 се се уште во обработка.