Се’ за храна: Печени ќофтиња со сирење и зазики сос – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 11:53 AM

Се’ за храна: Печени ќофтиња со сирење и зазики сос

Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што денес да зготвите за ручек, тогаш топло ви препорачуваме да ги пробате вкусните печени ќофтиња со сирење во комбинација со освежителен зазики сос.

Овие мали и симпатични ќофтиња се вистински погодок, па бидете сигурни дека со нив никогаш нема да погрешите. Едноставно ќе ги задоволите желбите и вкусовите на целото семејство. Покрај тоа, тие се совршени и за мезење со вашите пријатели.

Состојки:

  • 450 грама мелено телешко месо
  • ¼ чаша лебни трошки
  • ¼ чаша сечкан магдонос
  • 3 лажици рендан црвен кромид
  • 1 чешне лук, ситно сечкано
  • рендана кора од 1 лимон
  • 2 лажици лимонов сок
  • 1 јајце
  • 1 лажица оригано
  • ½ лажица мелен коријандер
  • ½ лажица мелен кумин
  • сол и црн пипер по вкус
  • 60 г фета сирење.

За ѕаѕики сос:

  • ½ чаша рендана краставица
  • 1 чаша кисело млеко
  • сок од половина лимон
  • ¼ лажичка ситно сечкан лук
  • зачини по желба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во голем сад ставете ги лебните трошки, магдоносот, лукот, кромидот, лимоновата кора и сок, јајцето и зачините. Се добро измешајте, па додајте го и иситнетото фета сирење.
  2. Повторно измешајте за да се соединат состојките, па додајте гo меленото месо. Целата смеса добро измесете ја со помош на рацете.
  3. Од вака подготвената смеса, обликувајте ќофтиња.
  4. Ќофтињата наредете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Ќофтињата печете ги во загреана рерна на 220 степени за време од 15 минути. По желба може да ги испечете на скара или грил тава.
  5. Во меѓувреме подгответе го и зазики сосот. Краставицата излупете ја, изрендајте ја и исцедете ја од вишокот вода.
  6. Во длабок сад, додајте ја ренданата краставица, киселото млеко, лимоновиот сок, лукот и зачините. Добро измешајте за да се соединат состојките. Ви препорачуваме сосот да го подготвите малку порано и да го чувате кратко време во фрижидер пред сервирање.
  7. Готовите ќофтиња послужете ги со зазики сос и со кечап. На здравје!