Нови 395 случаи на ковид-19, починале 14 лица – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/21 5:22 PM

Нови 395 случаи на ковид-19, починале 14 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие направени биле 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на ковид-19, во: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица. Во Скопје 6 починати лица (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 се од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш (67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Според Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година.

МЗ информора дека во последните 24 часа се регистрирани 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 196.762, на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а активни случаи во моментов бројката изнесува 6.813.

(МИА)