Пронајден починат Авганистанец во близина на Демир Капија – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/21 4:46 PM

Пронајден починат Авганистанец во близина на Демир Капија

Во село Дрен, демиркаписко, вчера околу 8 часот бил пронајден починат Ш.У.(24) од Авганистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Смрта со видливи повреди на телото е констатирана од екипа од Итна медицинска помош, а по извршениот увид и по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.