Адел ја објави првата песна од новиот албум Easy on me, која само по 12 часа од објавата има над 21 милион прегледи на youtube. Во баладата Адел пее за поврзаноста меѓу нејзиниот пропаднат брак и потешкотиите во нејзиното детство. Ова е нејзина прва песна во последните шест години.
Реакциите на нејзините обожаватели се генерално позитивни, а на луѓето особено им се допадна моментот кога се појавува боја во црно-белиот спот: „Колку моќно“ – пишува во коментарите.
Една обожавателка се пошегува и напиша: „По ова и јас би се развела“.
Меѓу другото, обожавателите напишаа дека таа знае совршено да ги преточи емоциите во песна и дека со сигурност повторно ја очекува Греми.
„Со сигурност не сум ни блиску до она на што се надевав кога почнав со ова пред скоро три години. Всушност, сосема спротивно. Се потпирам на рутина и доследност да се чувствувам сигурно, баш како и секогаш. Па сепак, свесно се фрлив во лавиринт на апсолутен неред и внатрешни превирања. Научив бројни вистини во врска со себе. Тргнав многу слоеви од себе, но се замотав во нови“, изјави пејачката.
„Открив некои навистина корисни и здрави материјали со кои би можела да почнам. Би отшила дури толку далеку и би рекла дека никогаш во животот не сум се чувствувала вака мирко. И така, најпосле сум подготвена да го објавам овој албум. Тоа беше прашање на живот или смрт во текот на најбурниот период во мојот живот. Моето срце требаше да се опорави, за тоа зборува овој албум Домот е таму каде што е срцето“, изјави Адел во врска со албумт кој треба да излезе на 19-ти ноември.