Ослабнала 10 килограми, а јаде по 5 оброци дневно: Сека Алексиќ откри како ја довела линијата до совршенство – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/21 10:08 PM

Ослабнала 10 килограми, а јаде по 5 оброци дневно: Сека Алексиќ откри како ја довела линијата до совршенство

Пејачката Сека Алексиќ заблеска во ново издание, со што ги воодушеви сите присутни. Сека настапи на еден сплав во Белград и се одлучи за црно-бела комбинација, која добро и; прилегаше, а во таа прилика откри дека ослабнала десет килограми.

„Воопшто не планирав да ја скратам косата, така ми дојде. Ми се допадна овој аутфит и  се замислив со ваква фризура и посакав кратка фризура, ми здодеа косата“, открива пејачката.

Многумина прокоментира дека таа е поубава од кога било, додека таа на новинарите им откри дека ослабнала дури десет килограми.

„Здрава исхрана, не се во прашање никакви диети, јадам пет оброци дневн. Најголемиот мој проблем е што сум готвачка, домаќинка која готви и мери и тогаш едноставно претерав во еден момент. Но, то кај мене често се случува“, додаде Алексиќ.

„Јас да ги водев финансиите одамна ќе пропаднев. Мојот сопруг е задолжен за тоа. Дали се исплаќа? Па јас ако сакам да настапувам, морам да издавам песни, тоа е работа, тоа е обврска. За Нова година сум во Белград, ќе издадам една нова песна пред Нова година, а можеби и цел албум“, откри пејачката во емисијата „Премиера“.

 

Извор: kurir.rs