(Видео) Цеца откри тајна чувана 27 години – Што се случило на снимање на спотот за „Кукавица“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/21 3:01 PM

(Видео) Цеца откри тајна чувана 27 години – Што се случило на снимање на спотот за „Кукавица“

Светлана Цеца Ражнатовиќ за спотот за  песната „Кукавица“,  откри тајна која ја криела цели 27 години и дури сега ја раскажа. Станува збор за двајцата актери во спотот, во кој главен лик во „Кукавица“ бил Горан Андрејиќ, кој по спотот го добил прекарот „Горан Кукавица“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Она што досега не се знаело  е дека улогата на девојката што ја изневерува тој со Цеца во видеото  била Татјана, со која Горан се оженил една година по снимање на видеото.
Според упатените, тие се запознале на снимањето на видеото, а љубовните искри веднаш блеснале меѓу нив. Цеца била гостин на на нивната венчавка и на младенците им ја отпеала „Кукавица“.
– На 7 мај ’94 година, се венча љубовникот на Цеца од „Кукавица“ (со неговата „сопруга“ од „Кукавица“ – манекенката Татјана), а Цеца пееше на нивната венчавка.

https://www.youtube.com/watch?v=0rdsO-B0I_I

Корисниците на Твитер наидоа на фотографија која сведочи за оваа приказна.