Среќно! – Министерката Шахпаска ги поздрави рударите од САСА – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/21 2:14 PM

Среќно! – Министерката Шахпаска ги поздрави рударите од САСА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска беше во псоета на рудникот за олова и цинкова руда  САСА. Овој пат аутфитот на министерката беше во духот на рударската професија. Таа во своето обраќање потенцираше дека денеска имала едно сосема поразлично доживување за човек кој е во докторската и политичката професија.

Таа во изјавата потенцираше дека денешната посета во рудникот е да видат „каде работаат рударите“.

„Во 2018 година донесовме законско решение со кое с еовозможи спуштање на старосната граница за пензионирање на рударите од 58 на 50 годишна возраст. Меѓутоа заради погрешно толкување на дел од носителите на законот се случуваше дел од рударите да не можат да го искористат тоа право. Од тука Министерството за труд и социјална политика ќе направи измени кои ќе направат рударите со вкупен стаж на рударите до 40 години, вклучително сиот период додека биле во рудникот ќе може да им даде шанса да одат во пензија како и останатите граѓани“, рече Шахпаска.