Новиот филм на Кевин Спејси заработи 126 долари – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 11:22 AM

Новиот филм на Кевин Спејси заработи 126 долари

Според првите реакции филмот не успеал да ја привлече публиката, па во викендот на отворањето заработил само 126 долари.

Порано обвинет за сексуално вознемирување, за кое го обвинија повеќе актери, откако изгледаше дека кариерата засекогаш му е запечатена, Кевин Спејси се врати со новиот филм кој овој викенд беше прикажан во американските кина. Меѓутоа, премиерата доживеа дебакл, пишува „Гардијан“.

„Клубот на момчињата милијардери“ е снимен пред скандалот со Спејси. Филмот е работен по вистинска приказна за група момчиња кои во осумдесеттите години основале клуб со цел набрзина да се збогатат на измами. Спејси го игра Рон Левин, хомосексуалец кој е убиен откако измамил група луѓе. Телото не му е пронајдено, па некои мислат дека би можело да е жив.

Спејси го исфрлија од веќе снимениот филм „Сите пари во светот“, а му ја откажаа и улогата во серијата „Куќа од карти“ поради обвиненијата за сексуално вознемирување. Спејси беше обвинет од колегата Ентони Реп дека сексуално го напаствувал кога имал 14 години. Наводно Спејси го поканил Реп на журка во својот стан на Менхетн и во собата легнал врз него.

– Се надеваме дека обвиненијата за однесувањето на еден од актерите, кои не беа познати во времето додека е сниман филмот, нема да му пречат на филмот. Меѓутоа, одлуката да го пуштиме филмот не беше лесна – изјавил дистрибутерот.