Жител на Дебар узурпирал државно земјиште и си градел деловен објект – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/21 3:45 PM

Жител на Дебар узурпирал државно земјиште и си градел деловен објект

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.К.(61) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“, известуваат од МВР.

Тој, на државно земјиште во селото со површина од 75 метри квадратни, неовластено и спротивно на Законот за градба започнал да гради деловен објект.