– Само во Радовишко
и во Србија и во Бугарија и тоа е можеби главниот проблем. В
ни се процени дека на еден декар има по три тони сливи иако, реално, има многу повеќе. Но, ете, прифаќаме проценка на три тони за да спасиме што можеме, изјави за МИА Станко Манчевски, производител од Радовишко.
Министерството за земјоделство вчера соопшти дека по два денара поддршка за килограм сливи ќе добијат регистрираните откупувачи и трговци со цел стабилизирање на откупот.
Според МЗШВ, во моментов над 20 компании откупуваат сливи, а уцена е барањето на некои земјоделци производителите да добијат по пет денари за килограм за 30.000 килограми на хектар.
Не го оправдуваме барањето за исплата на пет денари за килограм слива на стебло. Земјоделците бараат за секој хектар пријавена површина да им се исплатат по 150.000 денари без производителот да ја набере или достави сливата кај откупувачот, децидно е МЗШВ.
Овоштарите од Делчево вчера излегоа на мирен протест. Рекоа дека ќе ја прифатат откупната цена од максимум пет денари иако е ниска, само за да не пропадне родот кој поради топлото време веќе почнува да се расипува.