Проститутка од Манчестер била исфрлена од нејзиниот дом и завршила на суд откако соседите се пожалиле на нејзината „работа од дома“ за време на заклучувањето предизвикано од пандемија на коронавирусот.
Никола Пари (29) имала „гласни оргии“ со десетина мажи одеднаш во нејзината куќа во паркот Вудхаус, и се случувало клиентите да чекаат на ред, во автомобили пред нејзината куќа.
Пари била вработена во јавна куќа во центарот на Манчестер, но од ноември 2020 година до февруари 2021 година, таа не можела да работи „на своето работно место“ поради воведените епидемиолошки мерки.
Наместо тоа, таа ги следела советите на владата за работа од дома и го претворила својот дом во „Куќа на гревот“, каде што таа и другите проститутки практикувале гласен секс во секое време од денот со отворени прозорци, што ги налутило нејзините соседи.
Случајот завршил на суд, а се вели дека Пари побарала едно лице од соседството едно утро да се грижи за нејзиниот 6-годишен син додека таа се занимавала со своите клиенти. Полицијата морала да интервенира откако соседот водел дневник за нелегални средби во куќата во која „проститутките се смениле“, а еден од „клиентите“ и се обратил додека таа била во нејзината градина и се распрашувал за сексуални услуги.
За време на тие месеци интензивна работа, се случил инцидент, а Пари била видена како стои на покривот од својот дом со предупредувачко писмо во рацете и викала гласно: „Сите вие сте е*** кучкини синови! Кој од вас се жалеше за мене? – Сега имам писмо! Кој го стори тоа?”
Подоцна била уапсена за инцидент во кој се соблекла гола среде улица за време на сообраќаен метеж, тврдејќи дека „морала да го привлече вниманието на возачите бидејќи бегала од клиентот кој бил насилен кон неа“.
Двојката сега живее над салон за масажа, и таа признала дека е виновна за обвинувањата поврзани со неодржување на куќата и кршење на јавниот ред и мир. Истрагата започнлаа во ноември минатата година, откако Пари почнла да се жали на соседите за нејзината неспособност да работи во бордел поради Ковид 19.
Имала неколку разговори со претставник на закупецот и била предупредена за несоодветно однесување. Во судскиот извештај се наведува дека Пари имала проблеми и со кокаинот и дека се наоѓа во тешка ситуација. Моментално и е дозволено да контактира со својот малолетен син само еднаш неделно по еден час.
Пари се изјаснила за виновна и поседувала кокаин, па морала да се занимава со 12 месеци добротворна работа, која вклучува шестмесечна програма за рехабилитација поради зависност од дрога. Таа била казнета со 80 фунти и треба да плати 180 фунти за судски трошоци.
Преземено од: https://www.b92.net/
Фотографија: Profimedia