Четиринаесетгодишник запалил банкомат во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 10:53 AM

Четиринаесетгодишник запалил банкомат во Тетово

Четиринаесетгодишник од тетовското село Отушиште е осомничен дека во два наврата запалил банкомат во Тетово.

Против малолетникот СВР Тетово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“.

Според пријавата, четиринаесетгодишникот на 12 и на 27 јуни годинава во Тетово со употреба на запалка предизвикал пожар на банкомат, кој бил поставен од надворешната страна на продавница за чевли.