Речиси половина од полнолетните граѓани се вакцинирале со две дози – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/21 11:46 AM

Речиси половина од полнолетните граѓани се вакцинирале со две дози

Вкупно 9.307 дози вакцини се аплицирани вчера и завчера, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина – соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 13 октомври,  вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. Педесет и три отсто од граѓаните над 40 -годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина, информираа од МЗ.

Како што посочуваат здравствените власти, опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.