Хари и Меган со неочекувана одлука за нивната ќерка – Ќе ја запознае ли кралицата Елизабета својата правнука? – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/21 9:57 PM

Хари и Меган со неочекувана одлука за нивната ќерка – Ќе ја запознае ли кралицата Елизабета својата правнука?

Кралицата Елизабета сe уште не ја запознала својата правнука, која го добила името по нејзиниот прекар, по кој ја нарекувале само најблиските луѓе.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл нема да ја крстат својата ќерка Лилибет во Велика Британија, церемонијата ќе се одржи во Калифорнија, истакнуваат извори блиски до парот.

Информацијата ја потврдија и извори од Бакингемската палата. Затоа, Лилибет нема автоматски да биде член на Англиската црква бидејќи ќе се крсти во Соединетите држави. Нејзиниот постар брат Арчи се крсти во 2019 година во капела во Лондон. Лилибет Дијана Маунтбаден-Виндрор е родена на 4 јуни оваа година, и иако се шпекулираше дека славниот пар ќе ја крсти својата ќерка пред нејзината прабаба, кралицата Елизабета, се чини дека се премислиле. Кралицата Елизабета се уште не ја запознала својата правнука, која го добила името по нејзиниот прекар, кој го нарекувале само најблиските луѓе. По најновите вести, почна да се поставува прашањето дали кралицата некогаш ќе се сретне со нејзината правнука.

Хари и Меган требаше да дојдат во Обединетото Кралство со своите деца следната недела за да присуствуваат на церемонијата на отворање на споменикот на принцезата Дијана, но се чини дека тие се премислија. Меган и Хари беа на службено патување во Њујорк , каде што се сретнаа со неколку политичари, одржаа говори и учествуваа на настанот „Глобален граѓанин“. Славната двојка се најде на удар на критичарите бидејќи на почетокот на минатата година се откажаа од сите кралски должности и се однесуваат како да се уште се во должностите на британското кралско семејство.

Некои веруваат дека снимаат документарен филм како дел од нивниот милионски договор со Нетфликс. На Хари го разоткри жица што ѕиркаше под неговата кошула во еден момент, и сите беа убедени дека тоа е микрофонот што принцот го криеше под неговата облека. Кралската двојка се обидува да продолжи со холивудска кариера уште откако јавно објавија дека повлекуваат од сите кралски должности.

Извор: Пинк.рс