Комерцијален текст
Акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери” се спроведе во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021 со средства од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) во износ од 10 милиони евра, со што се обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со највисока аерозагаденост и напуштање на греењето на цврсти горива кои загадуваат.
За оваа мерка по препорака на Владата, ЕСМ донесе одлука, во рамките на акумулираната добивка, за обезбедување средства од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.
Средствата од наменски фонд се распределија на Град Скопје и општините Тетово, Кичево и Битола.
Субвенционирањето се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“.
За Скопје можеа да аплицираат и домаќинставата од општините кои не се во склоп на градот, односно Арачиново, Сопиште и Илинден, а предност имаа семејствата кои имаат месечни приходи до 30.000 денари.
Градот Скопје наместо предвидените 5.200, досега додели 6.150 субвенции за инвертери, затоа што дел од барателите потрошија помалку средства од предвидениот максимум од 62 илјади денари. За акцијата беше доделен буџет од 322.400.000,00 денари, исплатени се 298.416.632,00, а останати се 23.983.368 денари, кои се доволни за уште околу 400 инвертери за кои ќе биде распишан нов повик.
Инвертерите се доделени во следниве општини:
Кисела Вода 1.184
Ѓорче Петров 1.058
Гази Баба 947
Бутел 718
Чаир 704
Карпош 630
Аеродром 542
Центар 306
Сарај 226
Шуто Оризари 167
Други 15
Општина Кичево, наместо предвидените 800 клима уреди, додели 810, затоа што останале средства од предвидениот буџет. Во Тетово, наместо предвидените 1.500 субвенции, доделени се 1.589 клима уреди бидејќи, исто така, и во оваа општина останале средства.
Субвенциите од вкупно 92.700.000 денари биле целосно поделени во Тетово и во населените места Порој и Голема Речица. Општина Битола доби 155 милиони денари за акцијата, од кои останале помалку од 1 милион денари. Досега се доделени 2500 инвертери.