Мајкрософт откри обиди за сајбер- напади од Руси пред американските избори за Конгресот – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 9:47 AM

Мајкрософт откри обиди за сајбер- напади од Руси пред американските избори за Конгресот

Компанијата Мајкрософт соопшти денеска дека открила нови обиди за руски сајбер-напади врз американски политички организации пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.

Според софтверскиот гигант, група хакери поврзани со руската влада се обиделе да извршат сајбер-напади врз Институтот Хадсон и Меѓународниот републикански институт. Нападите, сепак, не успеале.

И двата американски организации за аналитика соопштија дека тие станале цели за сајбер-напади поради нивната активност.

Според американските тајни служби, Русија се мешала во американскиот изборен процес во 2016 година токму преку сајбер-просторот.