(Видео) Го зграби девојчето (3) и побегна – Како се краде дете среде бел ден – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/21 7:30 AM

(Видео) Го зграби девојчето (3) и побегна – Како се краде дете среде бел ден

На снимката се гледа како една жена во Бронкс во Њујорк ги шета своите три внуци. Во еден момент, им приоѓа човек завиткан во ќебе. Се наведнува, го граба едното дете и бега.
Бабата (65) брзо трча по киднаперот, додека другите две внучиња шокирани стојат покрај патот и гледаат што се случува. За среќа, обидот за киднапирање го виделе и минувачи кои помогнале да се врати детето.
Според Daily Mail, маж на блиската бензинска пумпа го исплашил киднаперот, па го испуштил детето и побегнал со скутер.


“Ја метев улицата кога помина жена со три деца. Еден човек им пријде, го преврте ќебето над девојчето и избега со неа. Но, неколкумина од нас реагираа и киднаперот го ослободи детето”, вели Фермин Брацеро (63), кој исто така бил на местото на настанот.

Полицијата подоцна го пронашла бездомникот, Сантијаго Салцед (27). Тој е обвинет за киднапирање, обид за киднапирање, незаконски задржување и загрозување деца. Тој беше приведен во понеделникот и се смееше пред полицајците.

Нењујорк се бори со порастот на бројот на бездомници и насилството меѓу нив.