Тесните фармерки и неудобни модели кои се стегаат од сите страни се минато. Удобноста е во мода оваа сезона и затоа прифатете го овој тренд.
Трендовите од 70-те години срамежливо се враќаат на модната сцена, па затоа не е изненадувачки пантолоните „ѕвонарки“ во моментов ее исклучително популарни.
Се носат фармерки, хеланки, деловни панталони ѕвоно крој, а освен што се модерни и носат специфичен ретро изглед, овие модели се и привлечни, ефективни и одговараат на женската фигура.
Ѕвонарките беа во кома со години, но оваа сезона го имаат епитетот најбаран тип панталони, и веруваме дека секој ќе најде нешто за својот модел.
Во понудата се во тексас, кадифе, трикотажа, растеглива ликра, кадифе, вештачка кожа, и тие доаѓаат во разновидни бои и дезени, и со тесни, но и исклучително широки нозе.
View this post on Instagram
Во прилог на фактот дека лесно ќе бидете забележани во нив, тие исто така фантастично им прилегаат на повеќето жени – тие визуелно ги продолжуваат нозете и ја затегнуваат фигурата.
Извор: Курир.рс
Фото: Instagram/ yescomprinhas