На ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје вчера во 22:15 часот, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје, се наведува во билтенот на МВР.
Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.