Пишувано е многу за предметите кои не треба да се чуваат дома, односно кои треба да ги фрлите за да привлечете благосостојба во домот. Но, има предмети кои зрачат со добра енергија и кои треба секогаш да ги чувате дома за да имате среќа.
Паричник
Паричникот е финансиски талисман, дури и кога не ви е потребен, немој да го фрлате. Кога ќе купите нов, чувајте го неколку денови стариот, а потоа во него ставете малку пари, полека прекинувајќи ја „врската“ со него.
Леб
Лебот во многу култури, па и кај нас, важи за света храна. Симболизира и благосотојба, па забрането е да се фрла. Подобро е да се исуши или трошките да им се дадат на птиците, отколку да се фрлат парчиња леб.
Сол
За солта важи истото како и за лебот. Покрај тоа не се препорачува таа да се позајмува никому, затоа што така благосотојбата излегува од куќата.
Часовник
Часовникот е енергетски поврзан со сопственикот и може да има сериозна штета личноста чиј часовник ќе се уништи. Може да се фрли само оној часовник кој не можа да се поправи.
Фотографии
Може да ги фрлите само оние фотографии кои ги покажуваат вашите непријатели и под услов да не сте и вие на сликата. Во спротивно ризикувате да привлечете болест или други проблеми.
Извор: srbija24