Гимнастичарката Илина Соколовска (15), која со семејството живее во Германија, е прогласена за мајстор на Северна Вествалија. Илина минатата недела по 18 месеци пауза се натпреваруваше на најголемиот турнир во Хависбек, Вествалија и освои две медали, додека на натпреватор, кој се одржа во Јена, во републиката Туринген го освои четвртото место.
-Илина стана првак на Вествалија, по пауза од 18 месеци, кога поради пандемијата сите натпревари беа стопирани. Во Хависбек настапи со чуневи и топка, со две кореографи и два пати освои најмногу поени. Како првак на Вествалија, пак, ја преставуваше републиката на најголемиот турнир во Туринген и од 34 гимнастуичарки што беа на турнирот освои 4 место. Илина веќе се натпреварува во Бундес лигата и на 20 ноеври ја очекува нов натпревар, кој ќе се одржи во Берлин, вели нејзиниот татко Горан.
Илина, како и сите во светот се соочува со пандемијата, која во голема мера ги застана животите на сите. Спас од неа се вакцините и имунизирањето на населението. Илина има 15 години, нејзоното семејство е имунизирано, но за да продолжи со натпреварите, тоа се очекува и од неа.
-Во Германија веке се имунизираат младите и на последниот турнир на натпреварувачите, меѓу кои е и Илина, им беше речено дека за да продолжи со натпреварувањето мора да се вакцинира.
-Мора до 20 ноемви да се вакцинира инаку нема да и дозволат да се натпреварува. Илина има 15 години и правилата мора да се почитуваат. Гимнастиката е нејзина љубов, нејзин живот и секако дека ќе продолжи да се натпреварува. Таа и минатата година додека се беше застанато не мируваше, постојано тренираше. Летово дојде на одмор во Македонија, но повторно правеше подготовки. Успехот на Илина е само во љубовта кон гимнастиката и упорното вежбање, вели Горан.
Илина скоро 10 години се дружи со гимнастиката. Од натпреварите речиси и да не се случило, а да не се врати до медал. Зад неа се натпревари на републичко, државно и интернационално ниво. Во Украина беше прогласена за принцеза, а Германците се гордеат со неа иако таа се натпреварува со македонски пасош.
Во Македонија, пак, од Агенцијата за млади и спорт и покрај големиот успех никогаш не е повикана да ја претставува државата на интернационални натпревари. Место неа со години одат едни исти гимнастичари, кои не покажуваат никакви резултати. Но, во Германија, за разлика од кај нас, не се потребни врски. Напротив без разлика кој и да си и од каде да доагаш важен е квалитетот. А Илина досега го покажала квалитетот и нејзиниот спортски вонсериски талент.