Аријана Гранде донира пет милиони долари за бесплатна психолошка терапија – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/21 8:44 AM

Аријана Гранде донира пет милиони долари за бесплатна психолошка терапија

Аријана Гранде по повод вчерашниот, Светски ден на менталното здравје, најави дека ќе донира пет милиони долари за бесплатна психолошка терапија во соработка со организацијата Better Help.

„Иако е ова само еден мал гест, сакав да ја повторам соработката со организацијата во надеж дека ќе овозможиме пристап до лечење за поголем број луѓе и можеби ќе инспирираме некој од вас да проба нешто ново и да му даде приоритет на сопственото ментално здравје“, напиша Гранде на Инстаграм.

Заинтересираните за оваа понуда ќе добијат бесплатна терапија од еден месец и ќе имаат можност да ја продолжат терапијата со организацијата со попуст од 15 отсто за идниот месец. Ова е веќе втор пат како Гранде им овозможува бесплатна терапија на своите обожаватели, а минатиот пат донираше износ од милион долари.

За потсетување, младата пејачка многу отвоено зборуваше за проблемите со своето ментално здравје. Таа откри дека има посттрауматски синдром по нападот во Манчестер во 2017-та година, споделувајќи дека одењето на терапија толку многу влијаело нанеа, што речиси тоа и го спасило животот.

 

Извор: nova.rs