Блу Ориџин го одложи патувањето во вселената на Вилијам Шатнер (90), па „капетан Кирк“ мора малку да причека на своето заминување во вселената, објави Си-Ен-Ен.
Патувањето е откажано поради силен ветар, а 90-годишниот актер и миленик на холивудската публика, требаше да се вивне во вселената во среда со што ќе станеше најстариот човек кој некогаш патувал во вселената.
Управуваше со вселениот број УСС Ентерпрајс на интегалактичката одисеја во „Ѕвездени патеки“, а наскоро ќе тргне во сопствена одисеја, пишува Си-Ен-Ен.
– Работите за кои глумев сега ќе ги видам од прва рака. Одушевен сум, загрижен сум, помалку нервозен и помалку исплашен поради новата авантура – рече тој.
Блу Ориџин, компанијата на милијардерот Ричард Брансон, најави дека Шатнер ќе биде на следниот лет заедно со Одри Пауерс, потпретседателка на фирмата.
Шатнер, Пауерс и уште двајца членови на екипажот ќе полетаат од зафрлениот дел на западен Тексас помалку од три месеци по првиот лет во вселената на Блу Ориџин со екипаж.
Екипажот ќе ужива во четири минути во безтежинска состојба во текот на 11-минутниот суборбитален лет.
Извор и фото: 24sata.hr