Сокрил нуклеарни тајни во сендвич со путер од кикиритки – Инженер уапсен од ФБИ за продажба на технологија во замена за криптовалути – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/21 6:00 PM

Сокрил нуклеарни тајни во сендвич со путер од кикиритки – Инженер уапсен од ФБИ за продажба на технологија во замена за криптовалути

Американскиот нуклеарен инженер Џонатан Тоебе кој имал пристап до доверливи нуклеарни тајни и неговата сопруга, наставничката Дијана се уапсени во саботата во Западна Вирџинија откако се обиделе да продадат информации за дизајнот на нуклеарни подморници и бродови на „човек кој мислеле дека е од странска сила, но се работело за агент на ФБИ“, објави министерството на правда на САД.

Едногодишната операвија на ФБИ агентот вродила со плод кога оваа брачна двојка од Мериленд била уапсена и обвинета за обид за продажба на нуклеарни тајни во замена за криптовалути.

Тоебе (42) наводно имал пристап до осетливи воени тајни кои се однесувале на нуклеарниот дизајн и ипрема , односно на “оперативните параметри и карактеристики на перформансите од реакторот на нуклеарниот носач“.

Нуклеарниот инженер тајните за подморниците ги чувал на сина мемориска картичка која ја сокрил во сендвич со путер од кикирики, а се обидел да го продаде на човек кој бил ФБИ агент.

– Во една половина од сендвичот беше пластична вреќичка со СД-картичка, а неговата сопруга чуваше стража за време на примопредавањето – објаснија од ФБИ.

Во април 2020 година Тоебе му пратил на агентот мејл со доверливи информации верувајќи дека е личност која работи за странска влада. По неколку месеци се договорил да размени со него неколку податоци за да стекнат доверба и тие биле скриени во пакет со гуми за џвакање.

Брачниот паре подготвил пасоши и пари за негство во друга земја, но бил уапсен во текот на третото примопредавање.

 

Извор: 24sata.hr

Фото: Thesun.co.uk