Се самоуби трикратниот светски атлетски првак Хосе Мачаринјанг од Кенија – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/21 5:00 PM

Се самоуби трикратниот светски атлетски првак Хосе Мачаринјанг од Кенија

Познатиот кенијски атлетичар Хосе Мвок Мачаринјанг (35) е пронајден мртво во продавницата во кругот на неговата семејна куќа, јавија денес медиумите од оваа африканска земја.

Телото го пронашло неговото семејство. Неофицијално, атлетичарот се обесил, а неговите најблиски воопшто не насетиле дека вакво нешто може да се случи.

Ден пред самоубиството го поминал времето на фармата. Полицијата отвори истрага и повеќе детали ќе има после обдукцијата.

Мачаринјанг беше трикратен светски шампион во крос и специјалист за трките на 10.000 метри. Учествуваше на пет светски првенства и освои три екипни златни медали во крос во 2006, 2007 и 2008 година.

Кениецот не се натпреваруваше од 2012 година, но подготвуваше големо враќање на атлетската сцена.

 

Извор и фото: Mondo.rs