(Видео) Честит и вековит „11 Октомври“, Македонијо! – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/21 9:59 AM

(Видео) Честит и вековит „11 Октомври“, Македонијо!

Нека е честит „11 Октомври“,  Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ! На овој ден пукнала првата пушка во Прилеп и Куманово, ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. „11 Октомври“ е ден од македонската историја, симбол на македонската борба за слобода.  Денес апочнало востанието е против фашизмот,  започнала борбата за ослободување на македонскиот народ.

Да им оддадеме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност е и ќе биде да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот,  историјата да нè мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе…

Денес живееме во слободна Македонија, но во таа слобода  се вградени судбините на огромен број млади луѓе кои го дадоа животот за слободата. Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за македонската држава.

Фото: Вангел Тануровски