Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Џердан Шаќири се најде во центарот на вниманието, поради интервју по мечот со Северна Ирска, каде Швајцарија победи со 2:0.
Кон Шаќири среде давање изјава пред камерите, му пријде непознат маж и му стави јакна со амблем на УЧК. Фудбалерот прво беше збунет, но кога сфати за што се работи се насмевна и ја соблече јакната.
Српските медиуми пишуваат дека ова било невиден скандал и бараат одговорност за ваквите потези.