Зет со два куршума го застрелал таткото на сопругата пред неговиот дом во гостиварското село Долно Бањица и побегнал – соопшти денеска МВР. Имено, триесет и тригодишниот Б.С. од тетовското село Горно Седларце вчеравечер со два куршума од пиштол во пределот на стомакот го застрелал педесет и четиригодишниот А.У. кој бил татко на неговата сопруга.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.