ЕВРОВИЗИЈА 2022 ќе се одржи во Торино, италијански град во регионот Пиемонт. Информацијата беше потврдена на официјалните канали на Евросонг.
Првото полуфинале ќе се одржи на 10 мај, второто на 12 мај, а големото финале на 14 мај 2022 година.
Иако сите мислеа дека ќе се одржи во главниот град на Италија, натпреварот беше преместен на северозапад од земјата, во градот Торино. Патем, Пиемонт буквално значи “подножјето на планината”.
Италија е домаќин на следната Евровизија, бидејќи нивниот претставник, групата „Манескин“ победи на натпреварот одржан во Ротердам оваа година со песната „Zitti e buoni”.
novosti.rs