Авокадо – највкусниот антидепресив – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/21 5:04 PM

Авокадо – највкусниот антидепресив

Авокадото може да има широк спектар на ефекти врз вашето здравје, а некои вклучуваат подобрување на варењето, намалување на ризикот од депресија и намалување на шансите за рак.

Авокадо е вид на бобичесто овошје, потоплите клими се погодни за неговиот раст. Богат е со незаситени масни киселини и е извор на витамини и минерали. Ако го вклопите во разновидна исхрана, може да ви овозможи многу придобивки.

Богат со хранливи материи

Тој е извор на витамини Ц, Е, К и Б6, рибофлавин, ниацин, фолна киселина, магнезиум, калиум, омега-3 киселини и бета каротен. Содржи високи количини здрави масти, кои го поттикнуваат чувството на ситост. Здравите масти го забавуваат варењето на јаглехидратите, што помага да се стабилизира шеќерот во крвта.

Здраво е за срцето

100 грама авокадо содржи 76 милиграми бета ситостерол. Тоа помага да се одржат здрави нивоа на холестерол во крвта.

Добар е за видот

Содржи фитохемикалии кои се наоѓаат во ткивото на окото. Тие помагаат да се формира антиоксидантна заштита од оштетување на очите, особено од УВ зраци. Бета каротенот што го содржи помага да се спречи макуларна дегенерација, најголемата причина за губење на видот кај луѓето над 55 години.

Може да помогне да се спречи остеопороза

Половина авокадо обезбедува 18 проценти од дневните потреби за витамин К. Оваа хранлива материја често се занемарува и е клучна за здравјето на коските.

Некои елементи во авокадото можат да помогнат во спречувањето на ракот

Студиите се уште не воспоставиле целосно недвосмислена врска помеѓу конзумирање авокадо и намалување на ризикот од рак, но познато е дека авокадото содржи некои елементи кои можат да дејствуваат за да се заштитат од некои видови на рак.

Студиите го поврзаа оптималното количество фолна киселина со намален ризик за заболувања на цревата, желудникот, панкреасот и ракот на грлото на матката. Фитохемикалиите и каротеноидите се исто така поврзани со заштита од рак или негово ширење во веќе заболен организам.

Придонесува за здравјето на фетусот

Исто така, фолна киселина е потребна за здрава бременост. Адекватниот внес го намалува ризикот од спонтан абортус и деформитет на невралната туба. За време на бременоста, потребно е да се консумираат минимум 600 микрограми фолна киселина дневно. Едно авокадо содржи околу 160 микрограми фолати. Масните киселини што ги содржи, исто така, придонесуваат за здравјето на фетусот.

Го намалува ризикот од депресија

Со консумирање на авокадо, го намалуваме производството на хомоцистеин, супстанција што ја загрозува добрата циркулација и снабдувањето со хранливи материи во мозокот. Повисоките количини на хомоцистеин се поврзани со когнитивна дисфункција и депресија.

Го подобрува варењето.

Богат со растителни влакна, авокадото спречува запек, го одржува здравјето на дигестивниот тракт и штити од акумулација на токсини во цревата.

Природна детоксикација

Доволно влакна ја регулира работата на цревата, а тоа е клучот за ослободување на штетни елементи. Телото, исто така, го одржува балансот на добрите бактерии.

Може да ги ублажи симптомите на остеоартритис

Авокадото, сојата и некоја друга растителна храна содржат сапонин. Тоа е поврзано со ублажување на симптомите на остеоартритис на коленото или колкот, но засега е сведено на краткорочно олеснување и не е сигурно дека ќе има подолготраен ефект.

Има антиинфламаторно дејство

Авокадото и маслото од авокадо содржат супстанции кои имаат антибактериско дејство. Истражувањата покажуваат дека екстрактот од семе од авокадо може да му помогне на телото да се одбрани од стрептококна или стафилококна инфекција. Ризици

Клучот за здравјето е разновидната исхрана, а ризиците од консумирање авокадо се мали. Еден од проблемите може да се појави ако го консумирате премногу, бидејќи е богат со маснотии, па може да промовира дебелина. Исто така е богат со витамин К, кој може да го попречи дејството на лекови за разредување на крвта.

Извор: Б92.нет