Пристигна последната пратка од уредите за биометриска идентификација на гласачите. Се работи за 1.300 уреди кои ќе бидат истоварени во нашите простории затоа што утре ќе се полнат. Досега имаме наполнети 3.000, овие ќе се полнаат до последна, а останатите 520 ќе се однесат во Домот на АРМ како резервни кутии, каде сите други полни.
-Можеби е преоптимистички, но сметам дека за некои работи сме пред време. Подговтени сме, имаме поставено координатори да помагаат на ОИЕ за се. Се тече нормално, тече пријавувањето за болни и изнемоштени, а до понеделник навечер за ковид лицата. Понеделник и вторник ќе се носат недоверливите материјали, а четврток и петок доверливите, односно гласачките ливчиња и кутиите. Во петок ќе се носат уредите за биометиско гласање, рече Александар Даштевски, ретседател на ДИК.
На прашањето што ќе се случува со инфицираните по 11 октомври Даштевски рече:
-Овие рокови веќе се прифатени од минатата година и се два дена покуси од оние за изнемоштени лица. Вчера избравме избирачки одбори кои ќе бидат специјални за ковид услови. Тоа е законското решение и ние постапуваме по него, пет дена пред избори да се пријават, а за инфицираните ќе се мисли подоцна. Со владината уредба гласањето ќе биде до 19 не до 21 часот, рече Даштевски.