Министерската за труд и социјала, Јафгода Шахпаска на состанокот во просториите на Канал77, мегу другото беше прашана каква е состојбата во градинките и дали и во нив ќе има скрининг како во училиштата, за што рече:
-Не. Во градинките состојбата е стабилна. Има само девет позитивни вработени и само шест деца, што значи дека состојбата е стабилна. Значајно е што 76 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, а тоа се веќе европски стандарди за степенот на вакцинација и тоа говори за општествената одговорност за грижта за личното иколективното здравје. Се почитуваат протоколите и за тоа би сакала да им оддадам признание, рече министерката.