Водителката Сузана Манчиќ работела разни професии во текот на својата долга кариера. Пеење, водење, глума – сето тоа ја обележа нејзината децениска работа, но како што вели, нејзиниот профил не беше препознаен како категорија.
– Ги водев најпрестижните настани, од Оскарите за популарност до разни фестивали, јас секогаш бев таа што ги објавуваше наградите, а останав без ништо – призна Сузана.
Секој почеток на нејзината кариера е тежок, но со оваа водителка беше поизразен бидејќи постојано беше под будното око на јавноста. Она што особено ја мачи е што не можела да истакне ниту еден од своите таленти.
– Луѓето за тоа немаа разбирање. Велат ниту си пејачка, ниту водителка, ниту актерка. Не им беше јасно што правам а јас само сакав да ги испробам сите мои таленти и можности. Мултимедијата е препознаена и јас повеќе не сум „сваштарка“, како што ме нарекуваа, ме навредуваа, рече Манчиќ.
Извор: kurir.rs