Омилената телевизиска „Дадилка“, Фран Дрешер, преживеала напад во семејната куќа кога имала 28 години. Двајца мажи провалиле во нивната куќа, каде што била и нејзината пријателка, ги силувале актерката и нејзината пријателка, а нејзиниот сопруг бил врзан и со врзани очи.
Години подоцна, Фран ги раскажа ужасните детали за таа ноќ, но исто така откри дека нејзиниот сопруг, малку подоцна, и признал дека е хомосексуалец.
Парот се раздели, но исто така остана во пријателски односи, за што сега им кажа на американските медиуми.
“Имам поранешен хомосексуален сопруг, кого го сакам и тој ми исполнува многу мои потреби. Имам пријател со привилегии. Се среќаваме двапати месечно, што е повеќе од доволно. Тој доаѓа кај мене, се дружиме, подготвуваме топла бања, правам храна, легнуваме. Гледаме тенис или добар филм. Се разбира, имаме и интимни односи и тоа е она што ме одржува”, изјави Дрешер за Page Six.
Извор: mondo.rs